Согласно законските измени на Законот за даноците на имот кој започна да се применува од 01.01.2022 година, Општина Охрид, ги известува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината, за обврските кои ги имаат за данокот на имот.
За сите непријавени имоти да достават даночна пријава за утврдување на данок на имот; даночните обврзници кои промениле живеалиште да достават фотокопија од лична карта; адресни податоци за достава на решенијата по пошта (место на живеење надвор од општина Охрид) и валидни e-mail адреси за достава на решенијата по електронски пат; за дополнителните недвижни имоти врз кои имаат сопственост, а се користат од други физички или правни лица, да достават: договор за закуп заверен на нотар (времетраење на договорот, предмет на договорот и утврдена закупнина); договор за послуга заверен на нотар (користење, односно плодоуживање, со тоа што послугопримачот треба да се води со адресни податоци на адресата на недвижниот имот предмет во договорот); решение за упис во регистарот за угостителска дејност и решение за извршена категоризација на угостителски објекти за сместување (решението за извршена категоризација да не е постаро од 3 години од датумот на издавање); за земјоделските земјишта кои се користат за земјоделско производство, да достават решение за запишување на земјоделско стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства и извештај за идентификација на земјишни парцели, информираат од Општина Охрид.
Додаваат дека документите најдоцна до 30.04.2023 година можат да се достават лично на портирницата на Општина Охрид, преку пошта или на e-mail [email protected] со прилог скенирани документи (задолжително телефонски број за контакт), а сите дополнителни информации може да се најдат на официјалната страница на Општина Охрид https://ohrid.gov.mk.
OhridNews