Со свечена програма Општина Охрид ќе го одбележи 2 август Денот на Републиката. Настаните, како што информираат од општината, се и во чест на три големи јубилеи – 120 години од смртта на Христо Узунов, 150 години од раѓањето на Кирил Прличев и 150 години од раѓањето на Методија Патчев.

Во петок, 1 август, од 20:30 часот, во селото Велгошти ќе се одржи културната манифестација „Ноќ спроти Илинден“, каде е предвидено обраќање на градоначалникот Кирил Пецаков, полагање на цвеќе пред спомен обележјето на Илинденците, како и културно-уметничка програма.

Во сабота, 2 август, во 10:00 часот ќе биде положено цвеќе пред спомен-обележјата на Илинденците во Градскиот парк, а потоа кај „Прентов мост“. Од 11:00 часот во селото Плаќе ќе се одржи историски час, по што е предвидена и културно-уметничка програма. Вечерта од 21:00 часот во селото Елшани ќе се одржи Илинденска вечер.
OhridNews











