Општина Охрид со бројни свечености ќе го одбележи 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Програмата започнува утре, 22 октомври, во 12 часот со промоција на книгата „Охридски фолклористи“ од авторите проф. д-р Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски во издание на Општина Охрид. Следи обраќање на претставник од Општина Охрид, обраќање на авторите, обраќање на уредникот на едицијата „Охридско книжевно налседство“, како и настап на Митко Колјушевски и ичениците од ОМУ „Методи Патчев“.

Во 19 часот ќе се одржи свечената академија по повод празникот во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 19:00 часот. Предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид, како и културно-уметничка програма.

Во четврток, 23-ти октомври, од 10 часот во Градскиот парк ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата на охридските револуционери.

OhridNews