ВМРО-Народната партија нема никакво морално право да пронаоѓа забелешки за донесените деталните урбанистички планови за Охрид, се вели во реакцијата на Општина Охрид, по повод денешните обвинувања упатени од партијата на нејзина адреса.

„Луѓето кои во минатиот 8 годишен период директно беа инволвирани во урбанистичкиот масакр на градот, водени исклучиво од приватни интереси, денес неможат да се претставуваат како заштитници на јавниот интерес. Нивната контрибуција во минатата власт беше целосна и значајна во деградирањето на Охрид и создавањето на огромните финансиски долгови на општината од преку 32 милиони евра. Најдобро за нив е да објаснат како тоа во време на најбрутална урбанистичко-градежна деградација, кога по сите економски логики само од комуналии требало да се наплатат големи финансиски средства, општина Охрид се соочила со енормно високи долгови. Каде оделе парите за комуналии, е предмет на истрага и ревизија на надлежните органи кои и самите се вчудоневидени од дрскоста и незаконското работење, понекогаш и со деветократни цесии за еден предмет.
Денес, Општина Охрид низ транспарентна и во законски утврдена процедура и рокови, ги носи урбанистичките планови и решенија со кои Општина ќе ги задоволи потребите за развој на градот, а на граѓаните ќе им ги овозможи решавање на долгогодишни потреби и барања. Навременото задоволување на потребите на граѓаните кои, за некои планови и урбанистички решенија чекаа и по неколку години без логична завршница, за нас е безалтернативно и туку нема да правиме комромиси, за разлика од некои членови на НП, кои во изминатиот период делеа добар дел од градежниот колач, при тоа целосно занемарувајќи го општиот интерес на пошироката заедница.

Очигледно дека преостанатите неколкутемина членови на Народната партија не ја разбраа пораката од последните локални избори кои им ја упатија граѓаните на Охрид и денес по секоја цена се обидуваат да бидат актуелни. Граѓаните ја изрекоа својата казна кон оние кои полни осум години работеа за личниот интерес и сопствениот џеп, но веројатно во НП не останал некој кој тоа може да го разбере.“-стои во соопштението на Општина Охрид.

OhrridNews