Тротоарот в долж улицата „Марко Цепенков“ од Инфективното одделение накај Стобекс, кој е ископан, како и коловозот на места, на што со допис до медиумите реагираа локалните жители, ќе бидат целосно санирани најави локалната самоуправа.
За наведената локација завршени се само дел од активностите. Целосна реконструкција на улицата согласно склучен договор со А.Д. Илинден треба да започне на 20-ти март, со рок на изведба 30 денови. – стои во одговорот испратен до нашата редакција од Одделението за односи со јавност при Општина Охрид.
Граѓаните јавно побараа одговор бидејќи, според нив, извесен период по раскопувањето, немало никакви активности на улицата.
OhridNews