Општина Охрид во соработка со Агенцијата за спорт и младит започна со градежни активности за изградба на баскет игралиште во поранешната касарна „Михајло Постолски“.

Игралиштето е сместено во делот за спорт и рекреација и ќе биде со димензии 22 на 22 метри и површина од 422 м2. Ќе биде поставена специјална подлога за кошарка, а ќе биде опремено со рефлектори , соодветни спортски реквизити и клупи, – стои во соопштениетo од Општина Охрид.

После завршувањето на овој проект од локалната самоуправа најавија збогатување на просторот со други спортски содржини.

OhridNews