Со богата програма од 4-ти до 8-ми Септември Општина Охрид ќе го одбележи јубилејот 35 години од независноста на Република Македонија.
Програмата започнува на 4-ти септември со креативна интерактивна работилница за деца, продолжува на 5-ти со Меѓународен фестивал и изложба на Јордан Манасијески.
На 6-ти во Лапидариум ќе биде поставена изложба на подводни фотографии, додека на 7-ми изложба со дела од Првата меѓународна ликовна колонија и концерт на ВИС Билјана.
Со свечен концерт насловен „Македониум“ на 8-ми Септември се заокружува програмата.
OhridNews















