Иако речиси три недели граѓаните навремено и трансапарентно се информирани преку сите форми на јавна комуникација, за сите мерки и чекори кои Локалната самоуправа ги презема во делот на превенција и борба со Коронавирусот Ковид 19, господатаод ВМРО ДПМНЕ се однесуваат како да се дојдени од друга планета и дури денес се сетија да измислуваат мерки за активности, кои требало да бидат преземени, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа во врска со предлозите за справување со кризата, изнесени денес од страна на општинската ВМРО ДПМНЕ.
- ОпштинаОхрид и Градоначалникот Константин Георгиески по насоките на Владата веќе ги имаат преземено сите оперативни мерки за превенција и справување со Коронавирусот. Во делот на финансискиот менаџмент, кој исто така е од особено значење, Секторот за финанси и во соработка со останатите служби на Општина Охрид, веќе интензивно работат на подготовка на метеријалот за Ребаланс на општинскиот буџет, кој ќе биде доставен на усвојување до Советот на Општина Охрид во втората половина од месец април. Поради функционалноста на ребалансот, мора да се согледа кварталната реализација на буџетот заклучно со 31.03.2020 година. Планирани се кратења на многу повеќе средства од оние кои се наведуваат во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, велат од локалната самоуправа.
Додаваат дека средставата кои ќе бидат скратени, преку дополнителни планирања ќе бидат наменети за спроведување на соодветни мерки, во согласност со препораките за надминување на кризната состојба, во повеќе области на делување и за потребите на граѓаните.
- Важно е да се нагласи дека во овој целокупен финансиски процес се води особена грижа за зачувување на буџетската ликвидност, велат од локалната самоуправа.
Оттаму, апелираат до ВМРО ДПМНЕ да престане искористувањето на актуелната состојба, за како што велат, за заработка на ситни политички поени.
OhridNews












