Владата на Република Македонија предводена од ВМО- ДПМНЕ , според соопштението од нивната советничка група , на Охрид му доделила нов двокатен автобус за панорамско разгледување на градот и неговата околина. Секој е и треба да биде благодарен и ги прифаќа подароците , но останува отворено прашањето дали овој подарок е врвот на поддршкаата на владата на
ВМРО- ДПМНЕ за развој на Охрид.-реагира Локалната самоуправа
– Пред неколку месеци , како подарок од владата , Охрид доби дотраен автобус , употребуван четириесетина години во градскиот сообраќај во Скопје и тогаш советничката група на ВМРО- ДПМНЕ не побара да се донесе одлука на Советот на општина Охрид. Сега нивната советничка група преку медиумите , без нималку политичка зрелост и за ситнопартиски поени ,
најавува дека ќе предложеле , Советот на општина Охрид да донесе одлука за прием на овој скап подарок.
Во ОК на ВМРО- ДПМНЕ треба да знаат дека досега во општина Охрид нема пристигнато никакво официјално известување за подарување на панорамскиот автобус и беспредметно е за тоа да расправа Советот на општината. Наместо за автобусот , доблесно е да предложат Советот да расправа за тоа што придонесе централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ , или попрецизно кажано, зошто со години го кочи развојот на Охрид.-стои во соопштението на Локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека граѓаните на Охрид очекуваат да се изградат ветените автопатишта, железница и да се привлечат странски инвестиции, како и дека знаат да ги препознаат лажните ветувања.
На ставовите на локалната повторно реагираше ВМРО ДПМНЕ. Оттаму и посочуваат на општината да ги чита одлуките објавени во Службен весник и да престане со дневно политички реакции, објаснувајќи дека предлог одлуката за примање на подарок на двокатниот автобус од Владата советничката група на ВМРО ДПМНЕ ја иницирала поради тоа што истата не била ставена на дневен ред на претстојната седница на Советот.
OhridNews