Локалната самоуправа, преку одделението за односи со јавност, ниту еднаш не се огласи по меѓусебната преписка на “Сојузот за иднината” и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Тоа е дел од политичката борба на советниците, кои добиле легален мандата од граѓаните да ги застапуваат нивните интереси, се наведува во реакцијата од општина Охрид по дописот од ЛДП, додавајќи дека потписник на реакцијата на дописот од “Сојузот на иднината” не е локалната самоуправа, туку политичката партија ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Одделението за односи со јавност е функционална целина во општина Охрид, која ги извршува работни задачи максимално посветено и професионално, а во него работат луѓе од сите политички профили, кои изминатите години го граделе професионалниот ангажман во локалната администрација. Единствено можеби недостига човекот близок до ЛДП, кој за жал не успеавме да го запознаеме, иако во изминатиот период наводно работел во тој сектор за месечна плата од 30.000 денари, стои во реакцијата.
Од Локалната самоуправа додаваат дека нејзиниот Сектор за поддршка на Градоначалникот ќе биде и натаму силно фокусиран на враќање на изгубеното достоинство и имиџ на градот.
OhridNews