Не е прв пат Либерално-демократската партија од Охрид и нејзиниот претседател, да се служат со инсинуации, лажни обвинувања и конструкции, себеубедувајќи се во правилноста на своите постапки. Веќе стана препознатлива празната политичка реторика на советникот Дејан Блажески и безидејноста во однос на активностите на локалната самоуправа. По кој знае кој пат, Блажески се зафаќа со проектот – лизгалиште, кој од граѓаните беше оценет како полн погодок, а за неговата легалност јавноста беше во детали информирана. И денешното соопштение не е различно од досегашниот начин на изнесување невистини во континуитет, без притоа да се има било каков аргумент како поткрепа на своите банални соопштенија, се вели во реакцијата на општина Охрид, по повод денешното соопштение ЛДП Охрид дека договорот за лизгалиштетот се уште не е доставен.
„Разбирлива е нервозата и видлив е стравот на Дејан Блажески од соочување со правдата, заради изнесување лажни обвинувања и клевети, но и тој и политичката партија на која и припаѓа ќе мора да се соочат со тежината на јавно изкажаниот збор.“ – велат од општина Охрид.
Оттаму додаваат дека законитоста и транспарентноста се основните постулати на кои се темели сегашното функционирање на општина Охрид.
„Тоа е тешко разбирливо за охридските либерал-демократи и нивниот претседател, имајќи предвид начинот на кој тие со своите коалициски партнери, надвор од сите логики и законски норми, 8 години практикуваа власт во општина Охрид. За сите досегашни обвинувања околу начинот и постапката на поставување на лизгалиштето на градскиот плоштад, сега на претседателот на ЛДП од Охрид, дадена му е можност своите тврдења да ги докаже пред судските институции и таму да ги изнесе сите обвинувања со кои веќе два месеци ја замајува охридската јавност.“ – додаваат од општина Охрид.
На 08112025 во 02 часот, полициски службеници од СВР Охрид во охридското село Велгошти од слобода лишија 39- годишно лице од истото село Лицето претходно било агресивно кон членови на неговото семе...
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 26-годишно лице од дебарското село Џепиште, поради постоење основи на сомнение дека ги сторил кривичните дела „грабнување“ и „полов напад и силување“, как...
На првата конститутивна седница на Младинската заедница при ОСУ „Св Климент Охридски“ – Охрид, беа спроведени изборите за ново раководство на ова ученичко тело за учебната 2025/2026 година На избор...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.