Општина: Пристапот до зградите на „Карпош Војвода“ треба да го уреди инвеститорот
14.08.12 15:31
Од Општина Охрид во врска со забелешките на жителите од новите станбени згради на ул. „Карпош Војвода“ за неуреденоста на пристапот до нивните домови, каде по обилните врнежи со денови стои насобрана вода, објаснуваат дека локалната самоуправа согласно нејзините законски обврски и ингеренции, ги извршила сите комунални услуги, односно ја изградила потребната инфраструктура.
Оттаму појаснуваат дека согласно изводите од Катастарот, земјиштето на кое се изградени објектите, како и дворните места и пристапните патеки се сопственост на инвеститорот на зградата и обврската да го уреди тој простор е исклучиво негова.
Општина: Во изводот од Катастар стои дека пристапот до станбените згради на ул. „Карпош Војвода“ е сопственост на инвеститорот
Од Локалната самоуправа велат дека имаат разбирање за проблемите со кои се соочуваат жителите од станбените згради на ул. „Карпош Војвода“, но ги упатуваат забелешките наместо до општината, тие треба да ги испратат до инвеститорот, бидејќи не го уредил пристапот до изградените објекти.
На 02012026 во 04:20 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 56-годишно лице од Скопје Претходно, во 03:50 часот на ул „Партизанска“ во Охрид, тој со патничко возило, ко...
Водостојот на Охридско Езеро е еден сантиметар над просекот за јануари покажуваат денешните мерења од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) Според мерењата нивото е на...
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, денес ја посети мајката Милица и нејзиното новороденче – малата Надја, првото бебе родено во Струга оваа година Надја се роди со тежина од 4210 грама ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.