
„Само во СДСМ се чудат зошто најодговорните луѓе во локалната самоуправа се на терен и го следат реализирањето на бројните, пред се инфраструктурни објекти, од кои најголемиот бенефит го имаат граѓаните. Граѓаните им се радуваат на новоасфалтираните улици, новите водоводи, уредувањето на јавните површини и другите зафати, а не чекаат да ги читаат соопштенијата и реакциите на СДСМ во кои на посреден и навредувачки начин на граѓаните им се сугерира дека не е добро да се гради туку да се ветува.“ – велат од општина Охрид.
Оттаму истакнуваат дека политички и наивно е некој да поверува во соопштението на СДСМ.
„Политички наивно е некој освен СДСМ да поверува во делот на нивното соопштение „ се растрчаа да реновираат објекти, да санираат улици, да ревидираат проекти, да косат трева, да поправаат потпорни зидови, да асфалтираат улички по селата, да расчистуваат депонии…“ .Проблемите на граѓаните, според СДСМ, очигледно се делат на големи и мали, па така излегува дека во нивното практикување на власта повеќе инетерес гледале во личните и партиските отколку интересите на граѓаните. Е, токму поради таквиот однос, граѓаните ги казнуваат на изборите. Бидете сигурни дека некој ќе ја проголта Вашата тенка приказна и дека најважниот проблем во функционирањето на општина Охрид се неколку билборди на кои сеуште стои сликата на градоначалникот Никола Бакрачески. Се правите наивни, а знаете дека билбордите се издадени под концесија, концесионерите на општината редовно и ги плаќаат давачките и тие одлучуваат што ќе рекламира на нив.“ – стои во реакцијата.
Од локалната самоуправа велат дека нападите на СДСМ веќе подолг временски период се излитени, неосвежени и неаргументирани.
„Поставуваат прашања, а избегнуваат да одговорат на поставените. Очигледно им треба храброст да признаат дека вината за оставеното финансиско беспаќе на општина Охрид тешко над 33 милиони евра е кај нив и дека последиците од тој пустош, ќе се чуствуваат уште долго време.“ – реагираат од локалната самоуправа.
OhridNews











