Ноќеска низ Охрид , беа растурени печатени флаери , на кои на подмолен начин , некој сака градоначалникот Петрески да го претстави како човек кој не си ги исполнил ветувањата .Флаерите , не се потпишани , што укажува на фактот дека нарачателите немаат храброст јавно да се идентификуваат , зошто се плашат дека за ваквото клеветење ќе треба да одговараат. Ги повикуваме надлежните институции , собено СВР Охрид , што побрзо да ги пронајдат сторителите и да им поднесат соодветни пријави, се наведува во испратената реакција од кабинетот на градоначалникот, Александар Петрески.

– Очигледно е дека, кампањата за престојните локални избори , предвреме започна , а уште поочигледно е дека таа се темели исклучиво на секојдневните  напади на ВМРО- ДПМНЕ врз градоначалникот Александар Петрески , но крајно загрижувачки е некој да се дрзне , без да се идентификува  да растура флаери и да води „ предвремена подземна политичка кампања , стоои во реакцијата .  

Од кабинетот на градоначалникот велат дека содржината на флаерите е испратена на пограшна адреса. Додаваат дека вината за доцнењето на изградбата на неколкуте капитални објекти , кои ги има на флаерите , не е во Локалната самоуправа , туку во централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ.

– Овие објекти се на државно земјиште  и Локалната самоуправа одамна ја има испратено документацијата до Министерството за транспорт и врски  за давање на земјиштето во сопственост на општината , но тие документи , по  нечија партиска наредба стојат во фиоката на некој министер, се наведува меѓудругото во реакцијата од кабинетот на градоначалникот.

OhridNews