
– Премногу иронично е кога истите оние кои со закани и притисоци ги малтретираа вработените во општината и јавните претпријатија за да бидат нивни слепи послушници, денес да се претставуваат како наводни “заштитници на демократијата”. Пред само нецела година, токму ВМРО-НП со своите коалициски партнери, со притисоци и закани, на снег, дожд и ниски температури ги тормозеа службениците и вработените во јавните претпријатија на секојдневни т.н протести и митинизи, исполнувајќи ја својата деструктивна партиска агенда. Формирањето на списоци за учество на протестите, заплашувањето со губење на работни места, пребројувањето пред и после митинзите за случајно некој да не се одалечил во меѓувреме, наликуваа на методи од нацистичките конц логори, велат од општина Охрид.
OhridNews











