Од локалната самоуправа информираат дека дрворедот на „Туристичка“, на делот од булеварот каде што почнаа и во текот на наредниот период ќе се извршуваат работни активности за реконструкција на тротоарот и велосипедските патеки, веќе подолг временски период претставувал опасност за пешаците и велосипедистите.
- Корените на дрвата значително го имаа оштетено асфалтот, плочникот и рабниците, а со соодветна проценка утврдено дека и голем дел од стеблата се значително оштетени, велат од локалната самоуправа.
Потенцираат дека според препораките на стручните лица за Животна средина во Општина Охрид, на местото на старите стебла кои ќе бидат отстранети, ќе бидат засадени нови садници.
OhridNews













