Општина Струга ќе биде дел од меѓународниот саем за туризам „Tourism Fair Albania 2026“ кој ќе се одржи на 11–12 февруари 2026 година во Тирана, Република Албанија.
Овој саем претставува значајна можност за промоција на производите, услугите и туристичкиот потенцијал на нашата општина, посочуваат од Општина Струга.
Воедно упатуваат покана до туристичкиот сектор да учествуваат на истиот презентирајќи ја понудата и да даде придонес со промотивни материјали кои ќе бидат изложени на штандот на Општина Струга.
Овој саем ќе обедини компании, институции и посетители од регионот, нудејќи можности за нови соработки и проширување на пазарот, потенцираат.
Рок за доставување на промотивни материјали, додаваат, е до 10 февруари 2026 во канцелариите на Општина Струга – Одделение за туризам.
OhridNews














