Сите злоупотреби и узурпации на одводните канали од страна на физички и правни лица или блокирани од урбан отпад на територијата на општина Струга ќе бидат идентификувани и ќе се интервенира таму каде што има потреба истакна градоначалникот на општина Струга Менди Ќура по извршениот увид на терен по поплавите предизвикани од обилните дождови минатата недела.

На наредната седница на Советот на Општина Струга ќе бидат адресирани сите овие проблеми кои се таложеле со децении. Одводните канали се во надлежност на општината во урбанизираниот дел, додека во неурбанизираниот дел се во надлежност на Дирекцијата за води, но тоа нема да нè спречи. Во соработка со сите институции ќе ги спроведеме најитните интервенции таму каде што има потреба, рече Ќура.

OhridNews











