
Од таму информираат дека според Законот за такса за привремен престој, сместувачите се должни да платат туристичка такса по лице за остварено ноќевање, како за домашните така и за странските туристи.
-Износот на туристичката такса зависи од категоријата на туристите, според тоа некои се ослободени од плаќање такса, за друга категорија има олеснување и износот е 10 денари по лице за ноќевање, додека за сите други категории туристичката такса изнесува 40 денари. Средствата од туристичка такса треба да се платат до 15-тиот ден во тековниот месец, за претходниот месец, пишува во јавното соопштение објавено на Веб-страницата на општина Струга.
Во него се нагласува дека глобата за непочитување на плаќањето на туристичка такса за правните лица се движи од 2.000 до 4.000 евра во денарска против-вредност додека за физичките лица е пропишана казна од 600 евра.
OhridNews












