Општина Струга ги известува граѓаните во рок од 10 дена да ги отстранат сите времени објекти на кои согласно решенијата за поставување урбана опрема во тековната 2025 година, рокот им е изминат.

Граѓаните кои имаат зафатено јавна и сообраќајна површина на територијата на општина Струга, со оставено огревно дрво, нерегистрирани и хаварисани возила, отпадни гуми и друга опрема и материјал да ја ослободат до крајот на месецот.
Краен рок за постапување е 30 ноември 2025 година. По истекот на рокот инспекцијата на општина Струга, ќе постапи согласно законските надлежности и ќе започне со ослободување на зафатената јавната површина, соопшти Општина Струга.
OhridNews












