Службеното возило Ауди А6 што Општина Струга го навави за 67 000 евра во мандатот на градоначалникот Рамиз Мерко, администрацијата на новиот градоначалник Менди Ќира го продава со почетна цена од 10 000 евра, соопшти локалната самоуправа.
Минимизирањето на трошоците на градоначалникот и на администрацијата на Општина Струга е јасен приоритет на градоначалникот Менди Ќура. Продажбата на службеното возило и донирањето на платата на градоначалникот не беа изборни слогани, туку конкретни заложби што се применуваат од првиот ден на мандатот.
Одлуката за продажба на службеното возило беше првата одлука што градоначалникот Ќура јавно ја потпиша, во присуство на медиумите. Истата, согласно законските процедури, беше доставена до Советот на Општина Струга и доби одобрување за реализација, стои во соопштението.
Општина Струга не планира набавка на службено возило за градоначалникот. Како што е јавно соопштено, во текот на целиот мандат градоначалникот ќе користи сопствено приватно возило, а сите трошоци поврзани со неговото користење ќе ги покрива лично.
Наместо луксузно возило, Општина Струга ќе набави функционално комбе, во служба на општинската администрација, спортските клубови и градските активности# информира ЕЛС Охрид.
Г.М.












