Градоначалникот Зијадин Села и општина Струга,  се номинирани за наградите „Најдобар градски менаџер“ и „Најдобар град“ од страна на Собранието на европски бизнис.

„Самото номинирање на општина Струга и нејзиниот градоначалник, како и присуствувањето во ова еминентна паневропска активност е еден индикатор за успешните активности на овие институции во текот на оваа година, поради тоа што ваква работа се случува за прв пат во нашиот регион. Истотака, овој настан кој ќе заврши во пикот на туристичката сезона е една исклучителна можност градот Струга да се промовира во европските агенции и оператори.“ – велат од Собранието на европски бизнис.

Како што велат координаторите на СБА, доделувањето на наградите ќе биде од 1-4 јули во Стреса, Италија, а добитниците на наградите ќе имаат можност да одржат промотивна кампања за нивниот регион во насока на привлекување туристи и партнери.

OhridNews