
Покрај Буџетот, на дневниот ред на седницата се и Предлог-Програмите за уредување на градежно земјиште, за локални патишта и улици, за одбележување на значајни настани и личности. Исто така се очекува да бидат усвоени и Предлог програмите за работа на ЈП „Водовод Делогожда“, за животна средина, за култура и за поддршка на граѓанскиот сектор.
На оваа седница, пред советниците ќе се најдат и Предлог одлуките за утврдување на критериуми за распределба на блок дотација за основното и средното образование.
OhridNews












