Од струшката локалната самоуправа реагираат, како што велат, за селективниот пристап и различното третирање на некои од општините од страна на централната власт.
– Вчера премиерот Никола Груевски свечено ги отвори работите за новиот базен во Охрид, инвестиција која вреди 5 милиони евра, додека состојбата во струшкиот базен е мизерна. Што се однесува до пратениците од Струга, и тие го праваат тоа што повеќе го знаат, да молчат, додека еден од нив не само што не донесува капитални инвестиции, туку ги “краде” работите направени од Општина Струга. Прашуваме : Зошто ви исчезна гласот, зошто се криете кога Струга се занемарува?, велат од струшкат алокална самоуправа.
Оттаму потенцираат дека Струга има дадено многу спортисти и шампиони во спортовите на вода и затоа заслужува да има затворен базен.
OhridNews