Одговорност за квалитетот на водата за пиење во градскиот водовод во Струга сноси заедничкото меѓуопштинско претпријатие „Проаква“ со директор, кадар од Охрид, велат од струшката локална самоуправа, по избивање на скандалот со водата за пиење во градот, која според анализите на Регионалниот центар за јавно здравје од Охрид направени минатата недела, бактериолошки е неисправна за употреба, што било констатирано и од овластен државен инспектор за храна. 

Од кабинетот на градоначаникот Села велат дека општината реагирала денеска откако официјално била известена за проблемот. Одржан бил итен состанок на надлежните инспекциски служби во општината на кој биле донесени конкретни заклучоци:

1.Се бара итно и неодложно Управниот одбор и Надзорниот одбор за контрола на материјално финансиското работење на МЈП „ПРОАКВА“ –Струга, во координација со Директорот на МЈП „ПРОАКВА„ –Струга, да ги преземеат сите потребни и неопходни мерки за редовно снабдување со хлор и перманентно хлорирање на водата од водоводната мрежа, на начин и постапка утврдена со законот за безбедност на храната и Правилникот за безбедност на водата.

2.Во контекст на горе наведеното, потребно е редовно и навремено да се обезбедат средства од сметката на МЈП „ПРОАКВА“ и преку службата за финасии и сметковосство секој месец, или секој квартал навреме да се издвојат посебно средства за набавка на потребната количина на хлор за потребите на системот за водоснабдување во градот и населените места во општината со кој стопанисува МЈП „ПРОАКВА“ Струга.

3.Докулку и по ова укажување не се постапи согласно заклучоците, или повторно се појават неправилности по однос на безбедноста на водата за пиење од водоводниот систем, во соработка со Советот на општина Струга, ќе преземеме и други соодветни законски мерки, против сите оние кои затаиле во извршувањето и спроведувањето на заклучоците и работите и работните задачи од надлежност на безбедноста на водата за пиење.

Од општина Струга уште велат дека пред донесување на натамошни мерки, ќе ги сочекаат најновите резултати од анализата на мострите земени денеска од градскиот водовод.

OhridNews