Институционален состанок за справување со предизвиците во текот на летната туристичка сезона се одржа во Општина Струга на кој присуствуваа градоначалникот Рамис Мерко, претставници на полицијата, противпожарната единица, општинската инспекциска служба, Центарот за социјална работа, како и Јавното претпријатие за градски паркинг.

Учесниците ја истакнаа својата подготвеност за меѓусебна соработка и преземање конкретни мерки за решавање на овие проблематики, со цел одржување на јавниот ред, безбедноста и благосостојбата на граѓаните и посетителите во Струга. Упатен е апел до граѓаните да бидат внимателни и да соработуваа: да избегнуваат палење огнови во природа, да го пријават секое сомнително или опасно однесување, како и да ги почитуваат правилата за паркирање и јавниот ред, стои во информацијата.
Ги охрабруваат граѓаните веднаш да пријават секаков проблем поврзан со јавното осветлување, со цел да се обезбеди побезбедна околина во ноќните часови.

Општина Струга, во соработка со сите релевантни институции, ќе продолжи посветено да работи за обезбедување мирна, безбедна и организирана туристичка сезона за сите, додаваат во соопштението.
OhridNews











