По повод Европскиот ден на донирање органи, Општина Струга се приклучи кон глобалната иницијатива за подигнување на јавната свест, осветлувајќи во зелена боја две значајни локации во градот, џамијата „Мустафа Челеби“ и Спомен-куќата на браќата Миладиновци.

Зелената боја, велат од Општината, ја симболизира надежта, солидарноста и значењето на донирањето органи – хуман чин кој може да спаси животи и да им даде надеж на луѓето на кои им е потребна трансплантација.

Донирањето органи е дарување живот. Со подигнување на јавната свест можеме да поттикнеме поголема солидарност и да направиме вистинска разлика во нечиј живот, потенцираат од Општина Струга.

OhridNews