Сите физички и правни лица што поставиле урбана опрема без одобрение од Општина Струга, да ја отстранат и просторот да го вратат во првобитна состојба, во спротивно ќе треба да платат парична казна.

Согласно Законот за градење, како што соопшти Општина Струга, пет до седум илјади евра е казната за правно лице за прекршок за поставени рекламни и информативни паноа на објекти, а 500 евра за одговорното лице.

Глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра ќе му се изрече за прекршок на правно лице доколку постави урбана опрема – рекламни и информативни паноа, како и рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти, без одобрение за поставување на урбана опрема, односно без решение за поставување, додека глоба од 500 евра ќе добие одговорното лице во правното лице, појаснува општинската прес-служба.

Додаваат дека глоба во износ од 250 евра ќе му се изрече на физичко лице доколку постави урбана опрема – рекламни и информативни паноа, како и рекламни и информативни паноа кои се поставуваат на објекти, без одобрение за поставување на урбана опрема односно без решение за поставување.

OhridNews