Општина Струга после добивањето на информацајата дека вработен во администрацијата е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување го суспендира службеникот и покрена дициплинска постапка против него.

-Истовремено, самоиницијативно Општина Струга одлучи да ја информира полицијата и поднесе кривична пријава против државниот службеник за „злоупотреба на службена положба и овластување“, како и за фалсификување на потписот на Градоначалникот на Општина Струга. – соопшти локалмната самоуправа во Струга, појаснувајќи дека службеникот во периодот за кој се сомничи дека извршил кривично дело бил раководител на одделение во општината.

Полициската станица во Струга во текот на вчерашниот ден поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „измама” и „злоупотреба на службена положба и овластување” поднесе кривична пријава против 48- годишно лице од струшкото село Заграчани.

– Пријавениот, на почетокот на минатата година, во својство на службено лице вработен во општина Струга, со искористување на својата службена положба и со пречекорување на своето службено овластување, на лице од Струга му ветил измена на урбанистички план за катарстарска парцела за што противправно примил 12.500 евра. Лицето, најнапред како раководител на одделението за административна подршка на советот, а од мај 2015 како раководител на секторот за инспекциски надзор, со цел да стекне противправна имотна корист, го довел во заблуда стружанецот, ветувајќи му дека може да изврши измена на урбанистичкиот план на парцелата бр. 1922 КО Струга. – инфоемираат од полицијата.

На оштетениот му ветил дека наместо предвидените објекти за индустрија, на катарстарската парцела може да упише објекти за станбено домување, кажувајќи му дека така поднесената иницијатива поминала на Совет на општина Струга. Иако знаел дека тоа не е вистина, пријавениот побарал и во три наврати примил вкупно 12.500 евра, се наведува во информацијата на СВР Охрид.

OhridNews