Општина Струга ќе учествува на Меѓународниот саем за туризам – EMITT Istanbul 2026, кој ќе се одржи од 5 до 7 февруари 2026 година.

Овој саем претставува исклучителна можност за промоција на туристичкиот потенцијал на Струга на меѓународниот пазар, нудејќи простор за нови соработки и проширување на професионалните контакти, посочуваат.

Ги покануваме сите хотелиери, туристички оператори и работници од туристичкиот сектор во Струга да бидат дел од штандот на oпштината, во рамки на Министерството за култура и туризам, било со директно присуство, било со промотивни материјали. Учeството на EMITT Istanbul 2026 е посебна можност за директна промоција на вашите услуги и капацитети пред меѓународна публика, потенцираат.

Истовремено, велат со присуството на штандот на Општина Струга ќе придонесат за зголемување на видливоста на градот како уникатна туристичка дестинација, позиционирајќи ја Струга на мапата на меѓународниот туризам.

Рок за доставување на промотивни материјали е до 30 јануари 2026 година во канцелариите на Општина Струга – Одделение за туризам.

OhridNews