Од локалната самоуправа на општина Струга остро реагираат  и го осудуваат, како што велат, класичното манипулирање на јавноста од страна на институциите во ингеренции на централната власт.

 
– Изминатите две години милионски инвестиции се прават во Охрид, а од друга страна се занемарува Струга, владата се труди да го насочи вниманието кај многугодишниот проблем со водата за пиење. Каде се пратениците од 5-та изборна единица? Зошто молчат? Зошто молчи пратеникот , кој зборува само кога сака да ги краде заслугите на Општина Струга ? Начинот како се развиваат настаните ни дава причина да се сомневаме во (не)вистината на анализите. Најпрво се известуваат про-владините телевизии , се преработува веста , а после три дена се известува Општина Струга, велат од струшкат алокална самоуправа.
 
Оттаму додаваат дека дека ваквата практика е неприфатлива и дека информацијата поврзана со исправноста на водата за пиење треба најпрво да биде испратена до локалната самоуправа.

 OhridNews