Општина Струга забрани шетање по костими за капење низ централното шеталиште
12.07.23 15:41
Општина Струга забранува шетање во костими за капење низ централното градско подрачје.
Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден, информираат од Општина Струга.
Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори, велат во соопштението.
За таа цел во централното градско подрачје, односно зоната во која е забрането движење во костими за капење поставени се соодветни знаци.
Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристичка дестинација како што е Струга, порачуваат од Општината.
Учениците од ООУ „Григор Прличев“ постигнаа извонредни резултати на Државниот натпревар по македонски јазик кој се одржа во Скопје Теодора Наумова од VIII одд се круниса со наградата – државен прва...
Успешно заврши манифестацијата „Детски Прличеви беседи“ што годинава се одржаа по трет пат во организација на ЗГ „Охрид Култ 366“, а под покровителство на Општина Охрид Ученици од повеќе македонски...
Единаесеттото издание на Меѓународниот аматерски младински театарски фестивал „Вдиши театар“ ќе биде отворено вечерва со претставата „Маски“ во предворјето на црквата Света Софија со почеток во 20:...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.