Скопската општина Центар ја посетиле повеќе туристи од Охрид, соопштуваат од општината повикувајќи се на податоци од Стопанската комора за туризам на Македонија, пренесува „Макфакс“.

Општина Центар била на прво место според бројот на еднодневни посети на странски туристи, додека на второ место бил градот Охрид.

Според овие податоци, бројот на туристи кои ја посетиле Општина Центар во мај 2012 година е за 40 отсто поголем од истиот месец во изминатата 2011 година.

„Бројот на туристи во Скопје од година во година се зголемува, така на пример во 2009 година бројот на туристи кои го посетиле главниот град  бил 111.281, 2010 година 114.663 туристи, 2011 година 130.726 туристи. Од приложените податоци 80% од туристите кои го посетиле Скопје биле и гости во Општина Центар“ се вели во соопштението.

OhridNews
извор:„Макфакс“