Територијалната противпожарна единица, завчера со брза и ефикасна акција , за рекордно време го изгасна пожарот во Државниот студентски дом „ Никола Карев “ , кој е во соптвеност на државата и со кој стопанисува Министерството за образование. Наместо јавно да им се заблагодарат на пожарникарите , вчерашната прес конференција ОК на ВМРО – ДПМНЕ ја посвети на градските тоалети. За нив очигледно не беше важно што пожарникарите се бореа со огнената стихија, за да го спасат домот и луѓето во него , туку преку напади на локалната самоуправа да спечалат некој политички поен, се наведува во реакцијата од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески во врска со вчера оддржаната прес- конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ.
– Во интерес на вистината , мораме да предупредиме дека за изградбата на јавните тоалети не е виновна локалната , туку централната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ. Локалната самоуправа , од поодамна, преку Заводот за заштита на спомениците и Музеј од Охрид и Министерството за транспорт и врски има побарано утврдување на локации и согласност за изградба на јавни тоалети во стариот дел на Охрид и централното градско подрачје кои се во нивна надлежност, но сеуште не сме добиле одговор, стои во реакцијата.
Меѓудругото, во неа се наведува дека Владата на ВМРО- ДПМНЕ треба да се позанимава со нејзините активисти , кои работаат и земаат плата во државни институции , а одржуваат прес конференции во текот на нивното законски определено работно време.












