– Граѓаните на Охрид знаат како се чистеше Охрид , кога на чело на градот беа градоначалниците од ВМРО – ДПМНЕ и сега кога градоначалник е Александар Петрески . Ги потсетуваме критизерите од ОК на ВМРО- ДПМНЕ дека патот од Косел до Ливоишта , кој е во надлежност на „Македонија пат“ , не беше исчистен. Нека кажат дека не можат , па ние ќе го исчистиме, наведуваат од кабинетот на градоначалникот.
Реакција и од ЈП „Охридски комуналец“ од каде потенцираат дека зимското одржување на улиците и јавните површини на територијата на општина Охрид се одвива со максимален интензитет, со максимално ангажирани дежурни служби, со сета потребна механизација и абразивни средства.
– Ако ова не сакате да го согледате, тогаш одите малку подалеку, како на пример ул.„Железничка„ и „Булевар Туристичка„ за чие одржување е задолжено „Македонија Пат„, или пак уште подалеку, согледајте ја ситуацијата со која Кичево се справува со снегот, каде градоначалник е Ваш сопартиец. Наместо Вашите ноторни лаги, ние на дело им докажуваме на нашите сограѓани дека сите улици во Охрид континуирано се чистат од снежните наноси, се чистат приградските населби, тротоарите, сообраќајниците и парковите. Сообраќајот се одвива нормално, а како се одвива меѓуградскиот сообраќај , колку часа им треба на граѓаните за патување на релацијата Охрид-Скопје? Наместо да упатувате неосновани обвинувања, како прво согледајте ги реалните проблеми, а како второ – РЕШЕТЕ ГИ, велат од ЈП „Охридски комуналец“.