
-Во одлуките на Советот на Општина Охрид за легализација на објектите кои се донесени согласно законот што тие го донесоа, се обидуваат да пронајдат незаконитост. Советот ги донесе овие одлуки со цел граѓаните што побрзо да ги решат овие проблеми со легализацијата на своите објекти. На прагот на новите избори, ВМРО – ДПМНЕ уште еднаш, како многу пати до сега, покажа дека намерно сака да го кочи развојот на Охрид и граѓаните. Со овој последен пример, исто како и триесет и шесте заглавени урбанистички планови во некоја од фиоките во Министерството за транспорт и врски, го потврдуваат лошиот однос кон Охрид и штетата која сакаат намерно да му ја нанесат.-се вели меѓу другото во соопштението.











