Градоначалникот Александар Петрески , за разлика од ОК на ВМРО- ДПМНЕ од Охрид , знае дека спортската сала „Атина Бојаџи“ , во која Локалната самоуправа  вложи неколку милиони евра е наменета за спорт и културно –уметнички настани , а не за политички митинзи, велат од кабинетот на градоначалникот во врска со одбивањето на барањето на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, салата да им биде издадена за презентација на програмата на кандидатот за градоначалник, Никола Бакрачески.

– Барањето за отстапување на спортската сала за промоција на кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО- ДПМНЕ , Никола Бакрачески е чиста политичка манипулација за да се оправдаат пред нивното членство и лидерот  Никола Груевски , дека не можат да го исполнат овој простор. Доколку можат , нека повелат промоцијата да ја направат на поранешниот спортски полигон , за народот да види колку приврзаници можат да соберат.Минатата недела ОК на ВМРО  од Охрид , го промовира  својот кандидат во Центарот за култура „Григор Прличев“ , но не кажаа дали платија за откупување на салата. Не кажаа ни колку чини и дали ќе платат за новоотворениот штаб во комплексот Летница, стои во дописот од кабинетот на градоначалникот.

Оттаму додаваат дека градоначалникот Александар Петрески , за разлика од ОК на ВМРО- ДПМНЕ и нивниот кандидат Никола Бакрачески  , не е во паника , ниту се плаши од пораз , затоа што покажал дека заедно со СДСМ , може да организира собир на поранешниот полигон за мали спортови , да собере над десет илјади луѓе, а спортската сала да им ја остави на спортистите.

OhridNews