Легитимно е правото на ОО на СДСМ да реагира на одредени активности што ги презема локалната самоуправа и градоначалникот Никола Бакрачески, само што тоа треба и мора да го прави со проверени факти, прецизни формулации и барем малку политички усул, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа по обвинувањата на општинската СДСМ дека систематизацијата во администрацијата се врши врз партиски желби.

– За каква “освета“ се огласуваат од СДСМ? Белки не сметаат дека локалната самоуправа им се осветува на оние неколку стотици луѓе кои земаа плата во мандатот на Александар Петрески, а кој никој жив не можеше да ги види и пронајде на работното место!? Фантомски вработени лица, од кои најголем дел, со доаѓањето на новиот градоначалник, сами побараа да си заминат од работа, стои во реакцијата.

Од локалната самоуправа наведуваат дека од СДСМ спомнуваат произволни бројки за бројот на ново вработени во општинската администрација, кога е познато дека само 2 лица биле се вработени според конкурс, а сите други се “вработени“ во општинската администрација  со волонтерски договори.

– Стручни и компетентни кадри, кои со својот ангажман ги покриваат пропустите на оние кои “земаа плата и нишаа врата“ во мандатот на Александар Петрески. Веројатно ОО на СДСМ треба да се координира со своите советници, за да им кажат во партиското седиште дека и тие гласаа за новата организација, а систематизацијата допрва ќе следи. Европските критериуми и стандарди ќе бидат максимално инкорпорирани во се што ќе работи локалната самоуправа, па и во систематизаицијата на работните места, а не како што практикуваше СДСМ врз база на “стручна анализа“ од разно -разни брачковци и слични ес-де-ес експерти, се наведува во реакцијата.

OhridNews