
– СДСМ е партија која го зголеми бројот на вработени во општинската администрација од 52 на 275 лица, само во Локалната самоуправа и уште неколку 100-ина во јавните претпријатија. Притоа, најголем дел од нив без соодветна стручна подготовка и образование. За разлика од СДСМ- Охрид, која распишуваше огласи за конкретни лица најчесто од матичната партија , сегашната локална власт објавува огласи за вработувања на лица кои се стручни, компетентни и можат да допринесат во креирањето на подобра иднина за Охрид и кои имаат капацитет да го извлечат градот од бездната во која СДСМ- Охрид во нивното 8 годишно владеење длабоко го закопа на дното. За манипулациите што ги правеа со охриѓани и за тоа што социјалдемократите безмилосно оставија на улица лица кои работно ги ангажираа во градинките и училиштата, а кои денес ги исплатува актуелното локално раководството. СДСМ- Охрид е доволно казнета од охриѓани, стои во реакцијата.
OhridNews











