
„Човек треба сериозно да се замисли и не ќе може да се присети на еден единствен капитален проект изграден во 8 годишниот мандат на СДСМ и Петрески во Охрид. За какви проекти на Петрески може да зборува СДСМ, кога од него ниту видовме планиран, изготвен и реализиран проект, ниту некогаш прочитавме или видовме отчет за нешто спроведено. Можеби СДСМ и нивниот поранешен Градоначалник имале список на убави желби, подготвувани низ охридските кафеани, но никогаш не се потрудиле да создадат финансиски издржани, правно регулирани и изработени проекти кои можат да се имплементираат. Може само да претпоставаме за нивните желби за градење на 8 базени, 8 затворени пазари, 8 автобуски станици, 8 трговски центри и уште по 8 други имагинарни проекти, по еден за секоја година од нивното 8 годишно пустошење и осиромашување на Охрид. Но за секое дело потребен е труд, чесност , пожртвуваност и професионализам, критериуми кои недостасуваа во 8 годишниот мандат на СДСМ во Охрид.“ – велат од општина Охрид.
Оттаму потенцираат дека општината е свесна и секојдневно ги чувствува последиците на осум годишното финансиско дестабилизирање на Охрид.
„Последиците од нивното урбанистичко дивеење на бреговата линијата, веќе претставува сериозна забелешка, која била евидентирана и констатирана и од УНЕСКО, како најголема закана по статусот на Охрид.“ – стои во реакцијата.
Од општина Охрид додаваат дека активностите и проектите во отчетот на Бакрачески за 2013 година се факти кои се потврдени и поткрепени со аргументи и фотографии.
„Тоа е основа на транспарентно и одговорно работење и со гордост им го презентираме на граѓаните, затоа што тоа е обврска на секој чесен и одговорен човек и институција. А чесноста и одговорноста не се значајни адути во работатат на СДСМ во Охрид. Од тие причини СДСМ ниту можела, ниту може да разбере што е обврска кон граѓаните и одговорност кон функцијата, која тие ја извршуваа два мандати во Охрид.“ – велат од општина Охрид.
OhridNews











