Почитуван г- н министер, апсолутно се согласуваме со вашата констатација дека Охрид заслужува целосно внимание од централната власт. Ве прашуваме зошто тоа изостана во изминативе седум години ? , се наведува во реакцијата од кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, во врска со изнесеното во интервјуто кое OhridNews го направи со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Димоски.

Како што изјави за OhridNews министерот Димоски: „Градот и охриѓани заслужуваат да имаат свој човек, кој ќе претставува татко на градот. Оној кој што ќе има слух за сите потреби, барања и интереси на граѓаните на Охрид. Градот го заслужува целото внимание на централната власт, во поддршка на сите проекти и планови кои идниот градоначник ги има зацртано во својата програма.“

OhridNews