
-Бараме акутелната власт да одговори, зошто денес автобусите кои тргнаа од Охрид кон Скопје беа застанувани и невидено контролирани од полициските службеници? Без разлика дали истите сообраќаеле приватно или биле упатени да учествуваат на протестите пред Собранието, биле задржувани на повеќе наврати од полицијата. – прашаа од Локалната самоуправа.
Како што веќе информиравме, во текот на денешниот ден повеќе стотини симпатизери на опозцијата, како и на власта, отпатуваа за Скопје каде протестираа против и за донесување на Биџетот на државата.











