Општината додели уште 13 линии за превоз, редовните превозници ги намалуваат цените
09.07.12 10:00
Општина Охрид распиша тендер за доделување доплнителни линии на уште 13 автопревозници со по 6 поаѓања на релација Охрид – Градиште. Од Локалната самоуправа, информираа дека тендерот бил распишан на 21 јуни, изборот е извршен, по што следи потпишување на договорите.
Ваквиот потег на општината предизвика револт кај трите редовни превозници, кои сообраќаат на овие линии преку цела година, односно и надвор од сезона кога фрекфенцијата на патници е далеку помала. Дел од нив најавија дека драстично ќе ги намалат цените под минимумот на економска оправданост за да го свртат вниманието на надлежните.
-Испровоцирани од потегот на општината АД „Галеб“ ги намали цените на билетите кон најфрекфентните дестинации и познатите плажи на источното крајбрежје. Претсојната сезона нашето претпријатие ќе вози под прагот на рентабилност, односно поверојатно со загуба, со што ќе предизвикаме и другите превозници да преземат слични мерки, велат од „Галеб“.
Од најголемата автопрезна компанија во Охрид најавија дела летово на сите дестинации до Пештани „Галеб“ ќе вози по цена од 20 денари, а до Градиште за 30 денари.
Композиции од големиот литвански композитор Микалојус Константинас Чиурлионис вчеравечер одекнуваа под акустичните сводови на црквата „Света Софија“ во рамки на Литванската вечер на „Охридско лето“...
Во Струга во септември ќе почне со работа првиот Центар за аутизам Во оваа насока во просториите на Општина Струга беше потпишан договор за соработка помеѓу Општина Струга и Здружението за поддршка...
Секторот за внатрешни работи Охрид ја реализираше превентивната кампања „Соседска патрола“ Мешаните патроли составени од полициски службеници од Одделението за превенција, родители, претставници од...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.