Охридската локална самоуправа во текот на оваа година потрошила околу 28.000 евра или точно 1.720.000 денари за доделување на еднократна парична помош на 344 новородечиња кои се родиле во општина Охрид.
Оваа парична помош во износ од 5.000 денари континуирано се доделува од месец јануари 2014 година, во насока на стимулирање на наталитетот во општината.
Од почетокот на проектот до денес оваа помош е доделена на 763 мајки, односно по овој основ општината исплатила околу 62.000 евра или точно 3.815.000 денари.
OhridNews