Заменик- градоначалникот Ангел Јанев и претседателот на Здружението на пензионерите од општините Охрид и Дебарца, денеска потпишаа Меморандум за соработка.
Со овој документ, се утврдува рамката во која се остварува соработката меѓу потписниците, за планирање, организирање и спроведување на активностите.
„Во името на градоначалникот Никола Бакрачески и во мое име ве уверувам дека локалната самоуправа и Владата, особено внимание посветуваат на пензионерите и дека тоа го покажаа со реализирање на повеќе проекти. Така ќе биде и во иднина, а Меморандумот што го потпишавме ќе биде основа за продлабочување на заедничката соработка.“ – рече заменик- градоначалникот Ангел Јанев.
Претседателот на Здружението на пензионери од општините Охрид и Дебрца Ѓорѓи Трпчески, истакна дека со потпишувањето на Меморандумот за соработка прецизно се дефинираат проектите со кои ќе се подобри економскиот и социјалниот статус на оваа категорија граѓани.
Инаку, во документот се наведени проектите за изградба на дом за стари лица, бесплатен автобуски превоз, воведување медицинска патронажна служба, учество во проектот „ Доживотно учење“ , отворање на клубови за дневен престој за пензионери и други иницијативи.
OhridNews