Управата за јавни приходи ја објави најновата листа на должници за неплатени даноци, на која се најдоа 4762 субјекти, во најголем дел правни лица.
Меѓу должниците е и општина Охрид со долг од 5.543.569 денари. На листата е и ЈП „Билјанини извори“ со долг 2.773.242 денари, „Проаква“ – 5.149.339, Ј.П. „Комунално Струга – 12.438.447 денари и.т.н..
Покрај институции и јавни претпријатија на листата на должници на УЈП се и стотина правни субјекти од Охрид со милионски суми неплатени даноци. На листата се најдоа и околу 1300 физички лица, кои исто така имаат неподмирени обврски кон УЈП.
OhridNews