
Право да поднесат барање за субвенционирање од средствата на Буџетот имаат лица со статус на корисници на парична помош поради материјална необезбеденост и невработеност, корисници на постојана парична помош, стечајни работници и инвалидизирани лица со најмалку 70 % степен на инвалидизираност.
Подносителите на барањето за субвенционирањето треба да се државјани на Република Македонија, да се жители на општина Охрид, да се корисници на услуги од МЈП „Проаква“, ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид и ЈП „Нискоградба Охрид“ Охрид или да се корисници на услуги и од трите Јавни претпријатија и да се подносители на барање за субвенционирање на трошоци за комунални услуги.
Заинтересираните лица своите барања можат да ги достават на рака во просториите на општина Охрид или преку пошта на адреса: општина Охрид ул.„Димитар Влахов“ бр.57 Охрид .
Барањата ќе можат да се достават најдоцна до 22 ноември.











