Локалната самоуправа распиша тендер за прибирање понуди од заинтересирани субјекти за стопанисување со паркинг простор на јавни површини во градот во зона 2 и 3.
Паркинзите ќе се издаваат на период од 5 години.
Во втора зона предвидени се вкупно 415 паркинг места на: ул. „Партизанска“ од спојот со „Кузман Ј. Питу“ до „Ванчо Николески“, ул.„Партизанска“ од спојот со ул. „Ванчо Николески“ до спојот со ул. „Серафим Китаноски“, ул. „Димитар Влахов“ од спој со „Јане Сандански“ до „Македонски Просветители“, ул. „Ванчо Николески“ по цела должина, ул „Кузман Ј. Питу“ од спој со „Димитар Влахов“ до спој со „Партизанска“, ул. „Новопроектирана“ од спој со „Димитар Влахов“ до спој со „Партизанска“, Кеј „Маршал Тито“ од спојот со ул. „Јане Сандански“ до Езерска полиција и улица „Самоилова“ од кружен тек до пицерија „Немо“.
Во трета зона предвидени се 507 паркинг места на: ул. „АСНОМ“, ул.„Караорман, ул. „Јане Сандански“ од пресек со Кеј „Маршал Тито“ до пресек со „Партизанска“, ул. „7-ми Ноември“ од пресек со ул. „Беќир Алириза“ до ул. „Васил Главинов“, ул.„Даме Груев од спој со „Македонски Просветители“ до бул. „Туристичка“ и ул. „Партизанска“ од „Јане Сандански“ до ул. „АСНОМ“.
Изборот на концесионер на паркинзите според објавените услови во јавниот оглас ќе се изврши по пат на јавно наддавање на почетокот од февруари.