
Оваа мерка е резултат на одбивањето на ЕВН-ЕСМ да разговара со претставниците на Општината за да се изнајде соодветно решение за спорот околу долговите на Проаква на која денеска и беше исклучена струјата, соопшти локалната самоуправа.
ЕВН-ЕСМ покажува толкава арогантност што ги користи трафостаниците не признавајки дека тие се градени и во нив е вградена опрема со средства на општина-та и нејзините граѓани. Настапувањето од позиција на сила што како метод го применува ЕВН-ЕСМ кон Охрид, Локалната самоуправа не го прифаќа и нагласуваме дека за сите несакани последици од изнуденото исклучување на трафостаниците – вината паѓа врз електродистрибутерот ЕВН-ЕСМ, стои во соопштението за јавност на локалната самоуправа.
ЕВН: Општината постапува незаконски:
Портпарлото на ЕВН, Ленче Карпузовска, зa Ohridnews изјави дека согласно законот за енергетика никој нема право да го попречува снабдувањето со електрична енергија. За намерите на општината Охрид известена е Регулаторната комисија за енергетрика, рече Карпузовска. Според неа општините Охрид и Струга не поседуваат доказ за сопственост над трафостаниците за кои тврдат дека се нивни. „Со ваквото самоволие се нарушува јавниот интерес на граѓаните и се крши законот“, вели Карпузоска.
ohridnews












