Општина Охрид смета дека институцијата градоначалник, како и другите чинители на локалната власт се мета на тенденциозен медиусмки атак и најави дека ќе преземе мерки за заштита на угледот на своите вработени.
Во соопштението за јавност се наведува дека за време на новогодишните празници граѓаните и јавноста во Охрид биле смислено, континуирано и неколкудневно подложени на невистини, манипулации и сеназационалистички прилози во интернет портал со сомнително работење, со цел, како што се наведува во соопштението, да се навредат, омаловажат и девалвират пред се личноста на градоначалникот, неговото потесно семејство, а потоа и вработените во Локалната самоуправа и нивните семејства, советниците во градскиот совет па дури и некои државни институции.
„Во оваа прилика изразуваме жалење кон охридската јавност за ваквата подложеност на манипулативни и тенденциозни објави од страна на лице од кое со годинии и децении наназад пропатија и имаа непријатни искуства многу наши сограѓани, нивните семејства, нивните роднини и нивните пријатели. Општина Охрид ја известува јавноста дека во рамките на своите надлежности и ингеренции, а согласно постоечките законски регулативи ќе преземе мерки и активности за да ги заштити своите вработени, советниците, а и воопшто граѓаните на Охрид од ваквите тенденциозни атаци.“-се вели во соопштението на општина Охрид.
OhridNews